Две лица се уапсени, а уште неколку се повикани на информативен разговор по вчерашниот вооружен инцидент во кумановската населба Бедиње, кога Реџеп Исмаили, познат како командант Шипоња е убиен, а неговиот братуџед Шефки Реџепи и сопартиецот Гани Демири се тешко повредени.
Кај приведените пронајден е пиштолот, кој е предаден на вештачење заедно со видео матерјалот и трагите пронајдени на лице место. Телото на починатиот е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина.