MENI

„Известија“: Над 200 илјади рубљи е просечната сума за поткуп во Русија

Речиси двојно е зголемена сумата за поткуп во Русија од лани - од 109.000 на 208.000 рубљи, се вели во податоци на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Според анализа на Фондот Јавно мислење, над половината Руси сметаат дека секој зема поткуп ако му биде понудено. Во тоа се убедени над 51 отсто од граѓаните во државата, објави весникот Известија.

Pages