Десет минути по полноќ во дворното место на СВР Скопје експлодирала кашикара. Непознато лице кое пеш пристигнало до објектот ја фрлило рачната бомба и побегнало. Оштетени се три позорци на секторот за внатрешни работи, и неколку автомобили кои се наоѓале на паркигот веднаш до објектот. За среќа нема повредени. Полицијата ја исклучува можност овој напад да е поврзан со претходните во полициските станици во Тетово и Куманово. Во претходните напади се работело за друг вид на експлозив велат од МВР.