
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала го потресе утринава брегот на австралиската држава Квинсленд.
Ова е најсилниот земјотрес во изминатите 80 години, кој ја погодил оваа држава, тврдат сеизмолозите. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност за појава на цунами.