Заедничкиот проект на Владата на РМ и на ЕУ за изградба на Пречитистелна станица во Прилеп, продолжува да се реализира. Долж течението на Градската Река, се поставуваат колекторските системи за прочистување на отпадните води, како битна етапа од целосната реконструкција на децениски застарената канализациона и водоводната мрежа. Прокетот предвидува и комплетно урбано уредување на коритото од Градската Река.