Реновирани соби ,тоалети, топла вода во секое време, удобни кревети, функционален лифт. Од септември 300 студенти ќе живеат и учат во подобри услови. Во завршна фаза е реконструкцијата на блокот Б во студенсткиот дом Гоце Делчев. До почетокот на академската година останува уште набавката на опремата. Веднаш потоа се почнува со реконструкција на друг блок за кој со ребалансот на буџетот обезбедени се 60 милиони денари. Целосното реновирање на најстариот студенстки дом се очекува да заврши кон крајот на 2016-та.