Наместо пломба на врата, парична казна. Со новите измени во законот за прекршоци се дава уште една поволност за бизнисот. На газдите на угостителски објекти, дуќани, компании кои по прв пат ќе направат прекршок каде има пломбирање и времено затворање на објектот, им се дава можност да платат одерена парична сума и да продолжат да работат. Со тоа тие ќе немаат застој во работењето и нема да им трпи бизнисот. Ова не важи за оние кои постојано го прекршуваат законот.