Одбери здрав живот, кажи не за алкохолот. Со оваа порака МВР и Здравствен дом Скопје вчеравечер ја продолжија кампањата за превенција од зависности. Во паркот Делфина во скопската населба Влае, полицајците и лекарите им укажуваа на младите за штетните последици кои ги предизвикуваат алкохолот,цигарите и дрогата. Граѓаните задоволни од начинот на кој се подигнува свеста за водење здрав живот, велат дека ваквите кампањи треба да бидат почести.