Земјоделците го складираа јачменот по амбарите и ќе чекаат повисока откупна цена во зимскиот период кога овците ќе се вратат во бачилата и ќе се зголеми побарувачката. Актуелните 8 и 9 денари за килограм јачмен не се доволни за да се покријат трошоците за производство. Од друга страна и падот на цената на месото во летниот период го прави нерентабилно одгледувањето на свињи и говеда и според моменталните цени на сточната храна.