Фудбалерите на Работнички со победа (1-0) без примен гол ќе патуваат на реваншот од 3.коло од квалификациите од Лига Европа кај турскиот тим Трабзон. „Романтичарите“ вечерва на Филип Втори го победија Трабзон со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Блаже Илијоски во 23.минута.