
По повод националниот празник 2 Август, во сите одделенија на Државниот архив на Република Македонија денеска од 18 до 22 часот ќе се организира манифестацијата „Отворен ден на архивите“.
Целта е презентација на историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на архивите и промоција на архивистичката професија.