Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна четвртата победа во групата од Европската лига откако попладнево ја победи Австрија со 3:0 во сетови во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Со овој триумф нашите одбојкари ги задржаа шансите за пласман на завршниот турнир од Европската лига.
Првите два сета избраниците на селекторот Жарко Ристоски ги завршија со 25:18 и 25:17, а во третиот сет беше 26:24.