Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијанците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и Света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека Света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа.