Едно лице синоќа го загуби животот во бизарна несреќа во погон за преработка на мермер во прилепско, а друго е тешко повредено. Како што велат од инспекторатот за заштита при работа во Прилеп синоќа е извршен првичен увид, по што во наредните денови ќе се врши комплетна истрага какви мерки и дали биле преземени за заштита при работа, пишува Нова Македонија.