Започна поставувањето на пловидбените знаци на брегот и пловечките направи кој што ќе служат за сигнализација во самата вода со што ќе се воспостави ред во Охридското езеро.
На самиот брег ќе бидат поставени 179 знаци и ќе бидат обновени два светилници во Охрид и Свети Наум со најсовремени светла .
Бродарите сметаат дека со одбележувањето во голема мерка ќе се зголеми безбедноста бидејќи многу често може да дојде до несакани последици по самите капачи.