Започнавме изградба на три нови автопатишта со должина од 132,3 километри, претходно изградивме 63 километри нови автопатски делници. Реконструирани се 39 магистрални и регионални патишта во над 500 километри. Реконструирани се 360 локални патишта во должина од 692 километри. Со ова создадовме услови Македонија да стане важна транзитна земја во регионот. Тоа ја докажува нашата определба, земјата полесно да ја интегрираме во регионот преку побрза комуникација, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервјуто објавено во „Пут плус“.