
Полицијата во текот на денот треба да излезе со официјални податоци за акцијата, а досега изјава даде портпаролот на МВР, Иво Котевски:
„Лицата првично се товарат за учество во воени формации во странство, а во Македонија кривично дело е учеството во странски војски, паравоени структури во странство“ - изјави Котевски.
Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово и Гостивар.