Вчерашното двоиполчасовното силно невреме проследено со пороен дожд и ветар, а во атарите од неколку прилепски села и со град, предизвика извесни штети како во градот, така и на нивите засадени со градинарски култури и тутун. Комуналците претпријатија уште синоќа излегоа на терен и ги санираа последиците од поплавените улици, така што денеска состојбата во градот веќе е норамлизирана.