„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“. Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Ива Михаилова и телефонски разговор со нејзината мајка, со кои тврди дека барале да ја избрише претохдната емисија во која тврдеа дека имаат пристискоци од бугарската агенција за национална безбедност. Според тврдењата на Цанов, Михајлова му пишала само неколку минути по објавувањето на првото видео, а во пораките, изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители. Пораките подоцна биле избришани, но Цанов направил видеоснимка од нивната преписка.