Девет полицајци од Велес кривично ќе одговараат за пропустите во постапувањето по пријавите за семејно насилство на починатата Росица Коцева. Според обвинителството, од февруари до септември минатата година, полицајците не постапувале согласно законот, ниту направиле проценка на ризик за сериозна опасност по нејзиниот живот и можноста насилството да се повтори, пријавите се чувале во полициска станица.