MENI

Факултетите ќе го платат долгот за струја

Факултетите нема да останаат во мрак. Министерката за образование вели дека до утре ќе го платат долгот за струја.

Парите биле  обезбедени со ребалансот на буџетот.

По вчерашното неколку часовно исклучување на дел од факултетите при УКИМ, како и зградата на Ректоратот, поради наталожени неплатени сметки, надлежните уверуваат – струја ќе има.

- Вчера во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме. Длабоко сум убедена дека ќе немаме ваков проблем  во иднина, изјави Весна Јаневска, министерка за обарзование.

Pages