Преку акциски план со кратки рокови ќе се бара решение за неконтролираното движење на околу 1000 крави низ Крива Паланка.
Градоначаникот Митовски на средби во министерството за земјоделие денеска ги договарале деталите во заедничка акција со АХВ да постапуваат за заловување на животните.
Митовски за Сител вели дека се согласува со секој предлог кој оди во насока на решавање на проблемот на паланчани. Ваквиот предлог вели треба да се најде и на владина седница.