MENI

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп

Со пригодна свеченост во општинскиот Дом за стари лица во Прилеп „Киро Крстески Платник“ беше одбележаната Неделата за грижа на стари лица. Капацитетот на Домот е околу 150 легла, а заинтересираноста е огромна и секогаш има листа на чекање од 30-тина лица. Штитеници има буквално од сите градови на Македонија, како и лица донесени тука преку Центрите за социјална работа. Од Домот се надеваат дека наскоро ќе се  подобрат и кадровски во делот на медицинскиот персонал, а дека државата ќе помогне во делот на реновирање на установата која што е од 1974 година. 

Pages