19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека го напуштил домот и оттогаш не е пронајден.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово.
З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш му се губи трагата.