Плата според одработени часови, наместо фиксна месечна сума. Идејата за плаќање по саатнина повторно се отвора во Македонија, а работодавачите предлагаат промената да почне од минималната плата.
Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, плаќањето по саатнина би било особено практично за производствените и градежните компании, како и во земјоделството, каде обемот на работа се менува во зависност од периодот.