Иако цените на недвижностите во Охрид растат побарувачката не стивнува особено кај новоградбите и на атрактивните локации .
Просечните цени на становите варираат драстично во зависност од локацијата, погледот кон езерото и квалитетот на градбата, во новоградба моментално се движат од 1500-2500 евра за метар квадратен, на најатрактивните локации пак во строгиот центар и на брегот на Охридското езеро достигнуваат 3000 евра за метар квадратен додека кај постарите станови се движат до 1200 евра.