Доброволното противпожарно друштво од Штип наскоро ќе добие значајна поддршка во опрема за своите членови. Доброволците очекуваат испорака на донација од САД, која ќе придонесе за подобрување на нивната подготвеност при интервенции. Командирот на ДПД-Штип, Димитар Ташков, информира дека донацијата е обезбедена преку сопствени контакти и иницијатива на членовите на друштвото, а во моментот се наоѓа во царинска постапка.