
Македонските претставници во првото коло од квалификациите од Конференциската лига ги добија ривалите на стартот од натпреварувањето. Освојувачот на Купот на Македонија Силекс од Кратово во првиот натпревар ќе гостува кај Динамо Минск, додека реваншот ќе го играат како домаќини во Скопје. Противникот на Силекс, кој беше еден од носителите важи и за фаворит.