Свет
30. November 2017 - 20:10

„Њујорк Тајмс“: Белата куќа подготвува план за смена на Тилерсон

Белата куќа разгледува план за замена на државниот секретар Рекс Тилерсон со директорот на ЦИА Мајк Помпејо, јави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори во американската Администрација.

Според весникот, Белата куќа подготвила план за отстранување на Тилерсон, за кој се тврди дека е во затегнати односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и за негова замена со Мајк Помпејо и тоа во следните неколку недели. 

Мајк Помпео

Планот предвидува дека Помпејо во ЦИА би требало да го замени Том Квартето, републикански сенатор од државата Арканзас, кој е клучен сојузник на претседателот за прашања поврзани со националната безбедност.

Засега не е јасно дали Трамп го одобрил планот, но веќе изјави дека има недоразбирања со Тилерсон и оти сосема е подготвен за промена во Стејт департментот, наведува весникот.

Доналд Трамп

„Њујорк Тајмс“ наведува дека планот е дело на шефот на Кабинетот на Трамп, Џон Кели, кој за тоа веќе разговарал со други членови на тимот.

Според планот, промените во тимот за национална безбедност веројатно ќе се случат околу Нова година или кусо време потоа.