Спорт плус
16. јуни 2018 - 9:38

Ништо од финале, македонските одбојкари поразени од Хрватска

 
 
Македонските одбојкари беа поразени од Хрватска со 2:3 во сетови на завршниот турнир во Европската сребрена лига што се одржува во Скопје.
 
Во исцрпувачки натпревар во пет сетови, Македонија ги освои првите два и поведе со 2:0.
 
Меѓутоа, кога изгледаше дека финалето за Македонија е на дофат, хрватските одбојкари влегоа во ритам и ја презедоа иницијативата, освојуваќи ги третиот и четвртиот сет за израмнување од 2:2.
 
Петтиот сет беше најнеизвесен и драматичен, но македонските одбојкари и дозволија водство на Хрватска, која го освои одлучувачкиот сет со 9:15.
 
Хрватска во финалето (19 часот) ќе се соочи со Белорусија, додека Македонија ќе игра за третото место против Летонија во мечот кој ќе започне од 16 часот.