Никозија бара построги санкции на ЕУ против Турција
Санкциите кои вчера беа разгледани од претставниците на земјите членки на ЕУ против Турција, односно нејзините дупчења на морското дно покрај брегот на Кипар, не се доволни според мислењето на Никозија, пишува „Катимерини“.
Медиумот потсетува дека претставниците на Унијата се договорија да спроведат казнени мерки против Турција поради нејзините дупчења, кои таа ги врши во територијални води за кои претендираат Република Кипар и Турската република Северен Кипар, која е призната само од Анкара.
Санкциите вклучуваат прекин на дијалогот на високо ниво, како и на преговорите за Договорот за воздушен сообраќај. Најверојатно ќе биде намалена и претпристапната помош, која Турција, како земја која сака членство во ЕУ, ја добива од Унијата.
Но, за Република Кипар, мерките кои се предложени во документот, се многу општи и празни, а критичарите сметаат дека не се вклучени конкретни ограничувачки мерки, кои ЕУ ветила дека ќе ги воведе уште минатиот месец.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош