-->
-->
Николовски: Кочи Мицко, има и втор круг
-->
Коалицијата предводена од СДСМ победува уште во прв круг или води во над 25 општини, порача вечерва генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
Тој објави дека СДСМ победува во Скопје и рече дека новиот градоначалник ќе биде Петре Шилегов. Освен во Град Скопје СДСМ, според Николовски, победува во Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Берово, Кочани, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија. Од скопските општини ги кажа Карпош, Центар, Шуто Оризари…
За Куманово рече дека резултатите се менуваат од минута во минута, а во тесна битка било и во Бутел.
-Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидуваат да конструираат лажна еуфорија е поради политичката неукост на Мицкоски. На него му порачуваме дека ова не е арена за навивање. Локалните избори секогаш имаат втор круг , затоа кочи Мицко, рече Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгласани измените на Законот за „недела неработен ден“ - занаетчиите повторно изземени
-
Опозицијата предупредува на брзите измени во Законот за работни односи за продолжен стаж на судии и обвинители
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Вархеји тврди дека сите пречки се надминати иако Македонија го одби предлогот
-
Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри
-
130% поскапа струја за најголемите потрошувачи, РКЕ ги утврди блоковите, новата цена ќе се знае во среда
-
ССМ го блокираше влезот на Скопје, КСС бара државна помош и за работниците од приватниот сектор
-
Џафери го одби барањето пратениците да расправаат по францускиот предлог