Македонија
26. јуни 2022 - 16:38

Незапаметено невреме во Делчево

Силно невреме го зафати Делчево вчера во предвечерните часови. Големите количини дожд што наврнаа за само 20-тина минути, ги поплавија улиците, а силниот ветер корнеше кровови и дрвја. Најголема штета претрпе ОУ „Ванчо Прќе“, каде се урна дел од кровната конструкција. Заради паднати дрвја изевесен период беше затворен магистралниот пат А3 од Делчево кон граничниот премин со Бугарија. Екипи на јавното претпријатие веднаш излегоа на терен.

-Сите наши капацитети се на терен, значи машини, возила и вработени. Приоритет е ослободување на сообраќајниците. На многу места има паднато електрични столбови и во коодинација сме со нашите електричари кои го одржуваат јавното осветлување, за да може безбедно да се пристапи кон отрстанување на паднатите столбови- изјави Стојче Стојковски, директор на ЈП „Брегалница“ - Делчево.

Дел од градот остана во мрак, зашто беше запрено напојувањето со електрична енергија.

-Но, најважно од се, е тоа што нема пријавено ниту еден повреден наш сограѓанин во ова невреме од големи размери кое се случи во нашиот град- изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Делчевчани велат дека не паметат вакво невреме.

-Многу страшно, бучеше од сите страни, ветрови, два пати ни се затресе куќата- АНКЕТА

-На целата кровна конструкција ќерамидите ми се уништени. И оџакот е паднат-АНКЕТА

Од општината ги повикаа граѓаните да ги пријават штетите на индивидуалните објекти, по што ќе следува нивна санација.