Македонија
11. July 2019 - 16:15

Невремето го зафати и охридското крајбрежје

Откорнати дрвја ,уништени автомобили,приколки , шатори ,кајчиња и оштетен еден угостителски објект ваква е денешната слика по синоќешното невреме кое што го зафати охридското крајбрежје на потегот од Трпејца, Љубаништа па се до Свети Наум.

Во невремето пропратено со засилен ветер , дожд и грмотевици во една од приколките во авто кампот каде падна огомно дрво имало туристи но за среќа нема повредени но предизвикана е матријална штета која треба допрва да се утврдува.

Дел од бродовите кои биле упатени кон Свети Наум по дојавата за невреме се вратиле назад а забарана за пловење имаа и катамараните ,во вечерните часови белата флота остана прикотвена на градското пристаниште .

Како резултат на силниот бран врнежи овој дел од охридскиот регион синоќа остана и без електрична струја ,додека

Во  струшко пак, поради удар на гром во трансформаторот преку кој со електрична енергија се напојува пумпната станица во Шум, отежнато е водоснабдувањето во градот и околината.

Од општинскиот кризниот штаб за елементарни непогоди велат дека екипите се на терен и се санираат штетите ,од Охридски Кумуналец ги отстрануваат паднатите дрвја и гранки на источниот брег од езерото.