Невреме во Скопје - подгответе се!
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 литри на метар квадратен.
Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска висина. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер, кој ќе достигне над 90 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови.Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 15 степени.
Утре претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати