Loading Video...
Свет
19. August 2022 - 16:32

Невреме во Франција, Австрија и Италија,меѓу загинатите има и деца

Најмалку 13 лица загинаа во невремето со пороен додж и силен ветер  што вчера попладне зафати делови од Европа. 5 лица од кои две деца загинале во Австрија, 6  на францускиот остров Корзика и двајца на Италија. Речиси сите жртви настрадале поради паѓање на дрва.  Според информациите, на Корзика ветрот достигнал брзија од над 200 километри на час. Со временски непогоди не се бори само Европа. Обилните дождови веќе четврти ден погодуваат делови од Нов Зеланд, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето и принудувајќи стотици луѓе да ги напуштат своите домови.  Кинеските власти пак објавија дека 17 лица досега загинале во поплавите предивикани  од поројните дождови  во провинција Кингхаи, што  траат веке трет ден. Од јуни, Кина се бори со екстремни временски услови од топлотни бранови до историски поплави.

Руското воено присуство во  украинската нуклеарна централа Запорожје гарантира дека чернобилско сценарио  нема да се повтори. Изјавата на рускиот заменик – министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, уследи по повикот на ОН  Русија да ги повлече своите војници од атомската централа, најголемата во Европа.

  • Воената опрема и персоналот треба да бидат повлечени од постројката. Мора да се избегне натамошно распоредување сили или опрема на локацијата. Областа треба да се демилитаризира. Мора да кажеме како што е секоја потенцијална штета на Запорожје е самоубиство изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

 Централата  е под руска контрола од март годинава, а со неа управуваат украински техничари. Украинските власти пак тврдат дека Русија се подготува да изврши голем терористички напад во  централата. Војната во Украина  влезе во 177 ден. Борби се водат во Доњецк, Харков и Херсон. Киев ги обивни руските сили дека гранатирале цивилни објкети во Харков  при што едно лице загинало додека пак руската страна обајви дека во украинското  бомбардирање во Доњецк загинале 5 цивили.