Македонија
11. јуни 2017 - 10:21

Невреме низ цела Македонија - еве каде беше најкритично синоќа

Истури дожд вчера во Македонија. Најмногу врнежи имаше во Крушево, 23 литри, потоа Крива Паланка 18, Струмица и Ѓуриште 16. Скопје, 5, Берово 7, Демир капија 4, Тополчани 3.

Времето  во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невремe. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 23 степени.