Невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановско семејство во „Багрем бања“
Невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановското семејство Азировиќ во Куманово во месноста „Багрем Бања“. Овој невообичаен настан го регистрираше и Регионалниот центар за управување со кризи, во чие соопштение се наведува дека пропадната земја има пречник на отвор 50 до 60 сантиметри што надолу се проширува до 150 сантиметри и повеќе, на длабочина од пет до шест метри.
Сопствениците, Селвер и Кумрија Азировиќ додека го расчистувале дворот, непријатно биле изненадени гледајќи ја големата дупка во дворот, што според нив се појавила ненадејно. Соседите им кажале дека станува збор за бункери градени во минатото.
– Многу е голема како да е градена, се гледа простор каде може да се движи, како бункер граден во минатото, вели Азировиќ.
Соседот, повикал служби кои дошле и ја констатирале состојбата.
В понеделник, стручните лица ќе ја согледаат состојбата и ќе кажат какви чекори ќе бидат преземени. Граѓаните од оваа населба велат дека во овој дел има скривници градени во минатото.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море