Македонија
12. August 2020 - 11:24

Невладиниот сектор со 75 канти ќе го решава проблемот со одлагање на заштитни маски и ракавици

75 специјални канти за одлагање на заштитни маски и ракавици со цел да се спречи ширењето на вирусот, од денеска ќе бидат поставени на територијата на Македонија, велат од центарот за еколошка демократија Флорозон.

Околу 30 канти за оваа намена ќе има во близина на големите маркети во Скопје. Од граѓанското здружение велат дека сакаат директно да влијаат на потикнување на општествената одговорност. Одлагањето на заштитните маски и ракавици во Скопје, ќе го спроведува ЈП Комунална Хигиена, од каде апелираат отпадот да биде уредно спакуван и да се фрла само во кантите кои се специјализирани за оваа намена.

Граѓанското здружение потпиша меморандум за соработка и со јавните комунални претпријатија во Куманово, Охрид, Кичево и Струга.

 

 

 

Елена Милошевска