Живот
27. February 2017 - 16:13

Неверојатен човек - Со чело закова 38 клинци

 
Неверојатен човек од Бостон, само за да влезе во Гинисовата книга на рекорди со чело ва даска закова 38 клинци за помалку од две минути.
 
Џон Ферера или „Глава чекан“својата неверојатна вештина ја претстави во еден шоу програм на италијанска телевизија.
 
Џон сето ова го остварува поради неверојатната дебелина на черепот, неговото чело има коска дебела 16милиметри, кај нормалните луѓе дебелината на коската на челото изнесува „само“ 7 милиметри.
 
Неверојатниот Ферера инаку беше сопственик и на претходниот рекорд во Гинис, според кој за една минута со челото закова 13 клинци.