Бизнис
28. December 2015 - 14:21

Нето платата во октомври 22.213 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности (9,3 отсо) и Други услужни дејности (8,3 проценти). 

Зголемување на просечната месечна нето-плата во однос на септември годинава е забележано и во секторите: Градежништво (3,6 отсто), Рударство и вадење на камен (3,6 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1 отсто). 

Бруто платата во октомври годинава била 32.597 денари што е  или 2,4 отсто повеќе од октомври 2014-та. 

Во октомври 2015 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.