Нетанјаху се откажа од посетата во САД поради Обама
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од посетата во САД каде имаше намера да присуствува на конференција на произраелско лоби на 20 март.
Како причина за откажувањето наведено е дека не било можно да се договори состанок со претседателот на САД Барак Обама во време на таа конференција.
Било планирано Нетанјаху да допатува во Вашингтон на 20 март, но бидејќи тој ден Обама патува во историска посета на Куба, Кабинетот на Нетанјаху разгледувал можност за посета на 18 март. И покрај контактите со Белата куќа за тоа, не е пронајдено соодветно време и Нетанјаху одлучил да не оди на собирот.
Извори во Кабинетот наведуваат дека за откажување на посетата влијаел и фактот дека нема засега договор за новиот пакет воена помош од САД за Израел. Една од причините е и политичката атмосфера во САД поради партиските избори, јавуваат израелски медиуми.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива