Македонија
5. May 2019 - 11:30

Несреќа во Скопје - тешко повредено 10-годишно девојче

Автомобил удри во 10-годишно девојче на патот Мелнички Мост- Центар Жупа.
 
Десетгодишно девојче е тешко повредено кога вчера во неа удрил автомобил на регионалниот пат Мелнички Мост- Центар Жупа.
 
Во несреќата, девојчето се здобило со сериозни повреди по што било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар. Се работи на расчистување на случајот.