Македонија
23. October 2019 - 11:49

Несреќа во Скопје: Се судрија фолксваген голф“ и „опел астра“ - пет лица повредени

На 23.10.2019 годинa во 00.45 часот на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано М.К.(21) од Велес и патничко моторно возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.И.(21) од Крива Паланка, сопатник во возилото „фолксваген голф“, додека М.К. и другиот негов сопатник А.Ф.(20) од Пробиштип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и Љ.Ј. и неговите сопатници Д.П.(30) од Скопје и Н.Н.(25) од Прилеп и биле пренесени во Градската болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од страна на увидна екипа од Скопје, информираат од МВР.