Македонија
12. јуни 2019 - 15:05

Несреќа во Македонија: Се удави 14 годишно девојче во базен

Летните горештини ја зедоа првата жртва во Битола. Според сведочење на присутните, 14-годишно девојче се удавило денеска во базен во Битола, пренесува Нова Македонија.

Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

Она што изненадува е дека несреќата се случила пред повеќемина посетители, а никој не забележал ништо, дотолку повеќе што на базенот има служба за спасување која е обучлена токму за вакви ситуации.