Македонија
21. February 2020 - 10:47

Непотполната листа со докази го одложи стартот на судењето за 27 април

Не почна судењето за обвинетите за организирање на собраниските настани од 27 април.

Одбраната побара да ги добие сите докази со кои располага обвинителството, бидејќи материјалите се наоѓале во Апелациониот суд кои се дел од предметот во кој претходно беа осудени 16-мина на повеќе од 200 години затвор.

Овие докази судот ги добил пред неколку денови па до следното судење тие ќе ги достави и до одбраната.

Адвокатите доставиле и листа на сведоци за кои обвинителката Вилма Русковска побара да ги достават и записниците од нивните сведочења за како што рече да се подготви обвинителството за испитување на сведоците.

Како организатори за случувањата од 27 април се гонат  поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Обвинети се за терористичко загрозување на Уставниот поредок на државата.

Зоран Јаневски