Македонија
31. January 2021 - 16:40

Неоткриени и неразвиени туристички потенцијали

Преку промовирање на  општините кои имаат голем неоткриен потенцијал за развој на туризмот, ќе се проширува сезоната во текот на целата година.

На овој начин според добрите познавачи ќе се обезбедат можности за локалното население а воедно и ќе се спречи континуираната емиграција во урбаните средини и во странство. Разновидната понуда во однос на содржината, сезоната и територијата ќе доведе до зголемен број на туристи, како и до продолжување на нивниот престој.

Општина Дебрца, со целокупното природно и културно наследство кое е дел од заштитата на УНЕСКО, ги зајакнува инфраструктурните капацитети за развој на зимски и планински туризам. Напуштената училишна зграда во селото Брежани ќе се адпатира во планинарски дом кој  се очекува да биде готов до почетокот на месец август оваа година.

Проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија има за цел да ја зајакне планинската спасителна служба за дејствување во зимски услови а регионот да биде сигурна дестинација за одмор.