Loading Video...
Кошарка
28. February 2020 - 11:26

Неочекуван пораз на МЗТ Скопје од Динамик

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе неочекуван пораз од белградски Динамик во натпревар од 20.коло на АБА2 лигата. 

 
Аеродромци го претрпеа четвртиот пораз во низа, откако пред својата публика во Јане Сандански загубија од Динамик со 84-82 иако Џабари Хиндс го имаше последниот обид за победа, но неговиот шут со звукот на сирената не беше прецизен.
 
Гостите од Белград го искористија  отсуството на првата опција на центаската позиција Бојан Крстевски кој поради здравствени проблеми го пропушти натпреварот, па мечот го завршија со 11 скокови повеќе (34-23) од аеродромци, онолку колку што остварија во нападот. Тоа како и лошата реализација од игра, беа клучно за овој пораз, со кој сино-белите пропуштоја можност да ја осигураат втората позиција во пресрет на разигрувањето. 
 
Новото заси Американецот, Феми Олуџоби беше најрасположениот играч на МЗТ, а средбата ја заврши со 24 поени и 6 скока. Двоцифрен број на поени имаа и Андреј Магдевски со 14, Дамјан Стојановски со 12 поени и Ѓорѓе Милошевиќ со 11.
 
МЗТ Скопје останува на 2.место на  табелата со учинок 12 победи и 8 порази, една победа повеќе во однос на конкурентите Широки и Сплит. 
 
До крајот на регуларниот дел  остануваат уште две кола, во кои МЗТ Скопје следниот четврток  гостува кај Нови Пазар, а во последното ќе го пречека Ловќен.