Балкан
6. October 2019 - 13:30

Необична глетка во Нови Сад: Наеднаш се отвори дупка во која пропадна автомобил

Поради пукање на водоводна цевка во улица во Нови Сад, се создаде дупка во која пропадна еден автомобил.

Жителите на овој крај ги гледаа снимките во локалните медиуми и останаа шокирани.

На терен излегоа вработени во новосадскиот „Водовод и канализацијата“ кои го извлекле автомобилот без поголемо оштетување.