Loading Video...
Кошарка
8. July 2020 - 15:53

Ненад Димитриевиќ го има третиот најубав потег во шпанската лига

Од кошарката го бележиме индивидуалното признание на македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ 
 
Младиот македонски кошаркар кој минатата година го доби признанието за најдобар македонски играч, сега добива ново признание од шпанската лига. 
 
Имено. Популарниот Нено кој имаше одлични настапи со својата екипа Хувентуд не само во првенството во Шпанија туку и Еврокупот, може да биде презадоволен од прикажаното во сега веќе завршената сезона. 
 
А, како потврда на тоа е овој потег, во дуелот против гигантот Барселона, кој во шпанската „Ендеса лига“ е прогласен за трет најубав индивидуален потег во минатата сезона. 
 
Токму ваквите и слични игри на Димитриевиќ ги забележаа и повеќето шпански гиганти па оттаму и интересот на повеќе екипи пред се од Шпанија во своите редови да го доведат младиот македонски репрезентативец.